среда, октомври 7, 2026
Дома СВЕТ Случајот што го шокираше светот доби неверојатен епилог: Криста Пајк се разбуди...

Случајот што го шокираше светот доби неверојатен епилог: Криста Пајк се разбуди откако преживеа две смртоносни инјекции

1

Криста Пајк (50), која преживеа неуспешно извршување на смртна казна со смртоносна инјекција во Тенеси, закрепнува по шокантниот случај што предизвика бурни реакции низ САД. Пајк е свесна и може да зборува, соопштија нејзините адвокати.

„Спротивно на сите очекувања, Криста Пајк се освести. Таа може да зборува, но сè уште ја добива неопходната медицинска нега. И покрај тешките повреди на рацете, таа останува со лисици на рацете и врзана за креветот“, се вели во соопштението на адвокатскиот тим на Пајк.

Според адвокати, нејзиното закрепнување е без преседан од медицински аспект.

„Прогнозата останува неизвесна, но очекуваме долготрајно закрепнување“, наведоа адвокатите.

Осудената на смрт Пајк беше пренесена во болница во критична состојба по неуспешната егзекуција минатата.

Нејзините адвокатите денеска ќе се појават пред Судот, каде што ќе се обидат да добијат повеќе информации за тоа што се случило за време на неуспешната егзекуција. Засега е нејасно е дали ќе има нов обид за извршување на смртната казна врз Пајк.

Егзекуцијата на Криста Пајк закажана за минатата среда беше предмет на правна битка до самиот крај. По неколкучасовно одлагање, конечно беше дозволено егзекуцијата да продолжи, но таа не се одвиваше според планот.

На Пајк ѝ беше дадена инјекција со многу висока доза на пентобарбитал. Станува збор за барбитурат, лек што спаѓа во групата на силни седативи и средства за успивање. Таа инјекција требаше да предизвика длабока несвесност, престанок на дишењето и смрт. Сепак, според сведоците и новинарите кои ја следеа егзекуцијата од посебна просторија зад завеса, Пајк останала жива и по примањето на инјекцијата.

Како што наложува протоколот, Пајк добила и втора доза пентобарбитал, но и неа ја преживеа. Кога стана јасно дека и вториот обид е неуспешен, сведоците и новинарите мораа да го напуштат објектот, а Пајк во критична состојба беше префрлена во болница со возило на брзата помош.

Криста Пајк беше осудена на смрт во 1996 година за убиството на 19-годишната Колин Ен Слемер, извршено една година претходно, кога Пајк имала 18 години. Таа го извршила злосторството заедно со нејзиното тогашно момче. Случајот привлече големо внимание, бидејќи жртвата била брутално претепана.

ИЗДВОЕНИ