среда, ноември 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Осум месеци затвор за потпалувачот на бугарските дипломатски возила

Осум месеци затвор за потпалувачот на бугарските дипломатски возила

0

Осум месеци затвор доби Игор Дашковски Стојановски обвинети за палење на дипломатските возила пред Бугарската амбасада. Со оглед на тоа што тој од јуни е во притвор, му останува уште некој месец во затвор и да ѝ плати на амбасадата околу 3.300 евра штета.  Претходно тој призна вина, на судењето не се изведуваа докази и не се откри мотивот. Адвокатката на обвинетиот кажа дека е задоволна од пресудата.

Станува збор за 44-годишниот скопјанец, кој на 15 јуни 2026 година, околу 12:05 часот, запали две дипломатски возила паркирани пред Амбасадата на Република Бугарија, на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.

 

ИЗДВОЕНИ