Бран јавувања за бомби ги погоди училиштата низ Хрватска вo четвртокот изутрина. Десетици училишта во Пула, Карловац, Сплит и во Каштела добија заканувачки е-пораки, поради што учениците и наставниците беа итно евакуирани, додека полициските службеници вршат детални проверки во сите простории за да ја утврдат веродостојноста на пораките.
Особено вознемирувачка е пораката што ја добија сплитските средни училишта, во која се споменува и малолетниот убиец од Србија, Коста Кецмановиќ. Во неа се наведува дека се поставени рачно изработени смртоносни експлозиви, како оние што ги потресоа Париз, Истанбул, Лондон и училиштата низ целиот свет. Се додава дека ќе ги активираат ученици, кои ќе се разнесат себеси и целото училиште.
– Крв ќе тече по скалите, родителите ќе ја газат додека доаѓаат да ги бараат своите најблиски. И нема да најдат никого. Јас ги следам стапките на Коста Кецмановиќ, тој не беше луд, тој беше скршен… и јас сум скршен… и сите ние што сме тука сме скршени – се додава во е-поштата, пренесува Директно.хр.












