Овошјето стана изгор скапо и недостапно за многу македонски семејства. Слична е состојбата и со зеленчукот кој за една година поскапел за 13 отсто, а храната за 5 отсто. Граѓаните ги боли глава од актуелните цени на овошјето во маркетите кое за една година поскапело за 26,5 отсто.
Црешите се продаваат по 1.360 денари за килограм, јаболката од 70 до 100 денари за килограм, банани над 100 денари, цитроните по 130 денари килограм. Цената на јагодите се движи од 130 до 150 денари за килограм, крушите се 140 денари, праските 600 денари за килограм, лубеницата 100 денари, грозје 450 денари за килограм…. Ова се цените на дел од овошјето во маркетите, но и цените на зеленчукот и на другите производи не се ништо подобри. Така на пример чоколадо од 80 грама се продава за 120 денари, а кафето од 180 грама од 119 денари стана 160 денари.