Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а инсталираниот капацитет веќе ги надминува националните цели и индикативната траекторија утврдени со Националниот план за енергија и клима (НПЕК).

Енергетската заедница позитивно го оцени напредокот на земјата во спроведувањето на НПЕК за 2025 година. Министерството за енергетика навреме го доставило извештајот за реализацијата на преземените обврски. Особено забрзан е развојот на фотонапонските и во хидроенергетските капацитети. НПЕК предвидува до 2030 година обновливите извори да достигнат 38 отсто од бруто финалната потрошувачка на енергија.

– Обновливите извори на енергија имаат централна улога во енергетската транзиција на Македонија. Учеството на чистата енергија во производството на електрична енергија бележи забрзан раст, особено преку интензивниот развој на фотонапонските и на хидроенергетските капацитети – велат од Енергетската заедница.

Во следниот период, фокусот ќе биде на дополнителниот развој на обновливите извори, енергетската ефикасност, намалувањето на потрошувачката и на модернизацијата на енергетскиот пазар.

 

ИЗДВОЕНИ