Градските власти најавуваат дека веќе е деблокиран процесот на донесување на овој значаен документ и дека Градот веќе постапува во насока на склучување договор со Државниот завод за статистика за обезбедување на податоците од Пописот 2021 по транспортни зони, неопходни за финализирање на транспортниот модел, активирање на постапката за одобрување на Планската програма, нејзино разгледување во Партиципативното тело и Комисијата за урбанизам и нејзино внесување во системот Е-урбанизам, склучување анекс на договори со Агенцијата за планирање на просторот и со изработувачот на сообраќајното решение, со цел ажурирање на документациска основа и продолжување на изработката на нацрт планот, како и усогласување на планскиот период согласно законските одредби и датумот на одобрување на планската програма. Од Град Скопје велат дека согласно со процените на изработувачот и сложеноста на останатите фази, се очекува ГУП да биде финализиран во рок од 12 до 18 месеци, по обезбедувањето на податоците и одобрувањето на Планската програма
Генералниот урбанистички план на Град Скопје (2020 – 2032 година) се очекува да биде донесен во 2028 година. Од Град Скопје велат дека согласно со процените на изработувачот и сложеноста на останатите фази, се очекува ГУП да биде финализиран во рок од 12 до 18 месеци, по обезбедувањето на податоците и одобрувањето на Планската програма.
Градските власти најавуваат дека веќе е деблокиран процесот на донесување на овој значаен документ и дека Градот веќе постапува во насока на склучување договор со Државниот завод за статистика за обезбедување на податоците од Пописот 2021 по транспортни зони, неопходни за финализирање на транспортниот модел, активирање на постапката за одобрување на Планската програма, нејзино разгледување во Партиципативното тело и Комисијата за урбанизам и нејзино внесување во системот Е-урбанизам, склучување анекс на договори со Агенцијата за планирање на просторот и со изработувачот на сообраќајното решение, со цел ажурирање на документациската основа и продолжување на изработката на нацрт-планот, како и усогласување на планскиот период согласно со законските одредби и датумот на одобрување на планската програма.
– Визијата на новото раководство на Град Скопје е насочена кон воспоставување одржлив, модерен и балансиран урбан развој, кој ќе стави крај на неконтролираната урбанизација и ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите граѓани. Во таа насока, Градот во партнерство со УНДП веќе работи на проектен документ кој ќе овозможи изработка на 20-годишна визија за развој на Скопје, документ кој ќе ги постави стратешките насоки за просторно, инфраструктурно и економско планирање до 2045 година, а во неговата изработка, покрај домашната експертска јавност, ќе бидат вклучени меѓународно етаблирани факултети и експерти, како и невладини организации, граѓански здруженија и други засегнати страни – одговорија од Град Скопје.
Инаку, постапката за изработка на Генералниот урбанистички план на Град Скопје (2020 – 2032 година) е иницирана уште во 2020 година, а уставот во областа на урбанизмот и урбанистичкото планирање се уште не е донесен. Таа почна со склучување на договор помеѓу Министерството за транспорт и врски, Град Скопје и Агенцијата за планирање на просторот, како надлежен изработувач согласно со член 74 од Законот за урбанистичко планирање. Иако во рамки на фазата „Документациска основа“ се изработени повеќе тематски студии и елаборати, процесот во периодот до 2024 година е карактеризиран со значителен застој и непреминување во суштинските фази на нацрт-план и стратегиска оцена.
Според градските власти, клучната пречка за продолжување на постапката било недовршеното сообраќајно решение, односно транспортниот модел на градот, кој според нив претставува задолжителен аналитички инструмент за дефинирање на примарната сообраќајна инфраструктура, транспортните коридори и сценаријата за развој.
– Изработката на моделот е прекината поради необезбедени податоци од Пописот 2021 година, обработени по транспортни зони од страна на Државниот завод за статистика. Овие податоци се неопходни за моделирање на транспортната побарувачка, а нивното необезбедување резултира со неможност за финализирање на студијата и, со тоа, неможност за продолжување на изработката на нацрт-планот – децидни се од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека дополнителна системска пречка била и неактивирањето на Планската програма за ГУП.
– Иако програмата е изработена во 2022 година, не е внесена во информацискиот систем Е-урбанизам и не е ставена во постапка за одобрување од страна на градоначалникот. Согласно со член 22 од Законот за урбанистичко планирање, постапката за донесување на Генерален урбанистички план формално започнува со одобрување на планската програма, што значи дека правно процедуралниот дел од процесот сè уште не е активиран – објаснуваат од Град Скопје.
Притоа, наведуваат дека била стопирана и изработката на Стратегиската оцена на влијанието врз животната средина, бидејќи оваа постапка можела да се спроведе единствено врз основа на изработен нацрт-план.
– Истовремено, документациската основа, иако завршена во 2022 година, е засегната од значителни промени во реалните параметри на просторот, па е потребно целосно ажурирање на податоците за да се обезбеди валидна аналитичка основа за понатамошното планирање – образложуваат градските власти.
Воедно, нагласуваат дека во изминатиот период новата градска управа спровела длабинска анализа на состојбата, со цел да се утврдат сите административни, технички и институционални пречки кои го блокирале процесот. Во рамки на анализата биле одржани повеќе работни состаноци со Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за планирање на просторот и релевантни експерти од областа на урбанистичкото планирање, транспортното моделирање и заштитата на животната средина. За утврдената состојба бил информиран Советот на Град Скопје кој на седницата одржана во јуни 2026 година утврдил конкретни чекори за деблокирање на процесот.
(А. П.)












