понеделник, ноември 2, 2026
Дома СКОПСКА Скопје ја зајакнува својата поврзаност со европското семејство на културата

Скопје ја зајакнува својата поврзаност со европското семејство на културата

52

Скопје ја зајакнува својата поврзаност со европското семејство на културата. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски информираше дека е потпишан договорот за соработка меѓу Нова Горица – Горица 2025 и Фондацијата Скопје 2028, со кој, како што вели се отвораат нови можности за нашите уметници, културни институции, независната сцена и младите.

Според Ѓорѓиевски, со ова партнерство се создава основа за заеднички културни проекти, поврзување на фестивали, размена на знаења и искуства и подготовка на заеднички апликации за европски фондови.

-Како градоначалник, се залагам меѓународната соработка да донесе конкретни придобивки за нашите граѓани, како повеќе можности за творештво, поголема видливост на нашата култура и партнерства што ќе продолжат и по 2028 година – наведе Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ