четврток, септември 17, 2026
Дома СВЕТ Нови експлозии во Франкфурт: Полицијата истражува поврзаност со криминалите акции “насилство како...

Нови експлозии во Франкфурт: Полицијата истражува поврзаност со криминалите акции “насилство како услуга“

0

Во текот на ноќта во Франкфурт оддекнаа нови експлозии, а мети беа кафуле на улицата „Бергер“ и наргиле-бар на улицата „Цајл“. Со ова се продолжува низата напади со експлозивни направи кои изминатите денови беа забележани на подрачјето на Франкфурт и Офенбах, пишува tagesschau.de.

Полицијата наведува дека двете експлозии се случиле утринава околу 4:20 часот. Според првичните информации, направите детонирале пред кафулето „Рио“ во населбата Норденд и пред наргиле-барот „Трут“ на улицата „Цајл“. На двете згради е предизвикана значителна штета, а искршени се и повеќе прозорски стакла.

Детонацијата кај кафулето „Рио“ била толку силна што се оштетени и блискиот бар, соседната филијала на банката „Шпаркасе“ и најмалку еден паркиран автомобил. Експлозијата ги разбудила станарите, но според достапните информации никој не е повреден.

Другата направа експлодирала пред наргиле-барот. Фотографиите од местото на настанот покажуваат уништен влезен простор, а полицијата врши увид.

Ова се само последните во низата слични инциденти. Во понеделникот детонација оддекна кај станбена зграда во франкфуртската населба Бокенхајм.

Во неделата рано наутро експлозии беа забележани во населбата Заксенхаузен и во Офенбах, каде што беа оштетени бар, кафуле и киоск. Поради нападот во Заксенхаузен уапсен е 15-годишник на кого му е одреден истражен затвор.

Во регионот Рајна-Мајна изминатите недели и месеци се зачестија експлозиите. Полицијата многу од тие напади ги поврзува со организираниот криминал и феноменот познат како „Violence as a Service“ (насилство како услуга). Концептот подразбира целесообразно врбување тинејџери и помлади полнолетни лица за извршување на вакви напади. Во март оваа година уапсен е 20-годишен Холанѓанец за кого се сомнева дека учествувал во неколку претходни експлозии.

ИЗДВОЕНИ