Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека по повеќегодишно запоставување и пропаѓање, повторно ќе бидат ставени во функција две цвеќарници на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.
Станува збор за цвеќарницата „Роза“, на булеварот „Илинден“, спроти фонтаната „Лотос“, како и за цвеќарницата во близина на Министерството за економија.
Ѓорѓиевски информираше дека веќе се започнати активностите за нивна целосна реконструкција, со цел овие простори повторно да бидат уредени, пријатни и достапни за сите граѓани.
Тој нагласи дека цвеќињата и услугите ќе се нудат по што е можно попристапни и правични цени, за убавите гестови да бидат достапни за сите.










