Поранешниот градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ, се врати на политичката сцена со нова партија – Српска демократска лига.
Во салата на Македонската филхармонија, синоќа беше одржан Првиот изборен Конгрес на новиот политички субјект.
Во своето обраќање пред присутните, претседателот на Српската демократска лига, Саша Богдановиќ, потенцирал дека СДЛ не е само нова политичка организација, туку претставува историска обнова на истоимената лига основана во Скопје уште во далечната 1908 година, како прва политичка организација на Србите на овие простори.
Во работниот дел на Конгресот биле формирани клучните партиски тела – Централниот и Надзорниот одбор. Посебно значаен чекор беше едногласното усвојување на Предлог-договорот за коалиција, со кој Претседателот и Централниот одбор добија целосен мандат за преговарање и склучување на идни политички коалиции.
Партијата најави дека ќе дејствува како граѓанска опција отворена за сите етнички заедници.>
На Првиот изборен Конгрес на партијата присуствувале претставници на македонските политички партии и јавниот живот, а гостинка била и потпретседaтелката на Главнот одбор на Српската напредна странка од Република Србија.








