Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

26

Водата за пиење во Скопје е квалитетна и безбедна. Тоа го покажуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Оттаму информираат дека, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.09.2024 година до 06.09.2024 година зема 210 примероци за физичко-хемиска и 210 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Скопје.