вторник, септември 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Скопјанец ја следел поранешната партнерка и ѝ поставил уред за следење под...

Скопјанец ја следел поранешната партнерка и ѝ поставил уред за следење под автомобилот

17

Полициски службеници од СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со 35-годишниот скопјанец П.Ј., откако неговата 25-годишна поранешна партнерка го пријавила за постојано вознемирување и следење.

Според полицискиот билтен, пријавата била поднесена во Полициската станица Кисела Вода. Девојката пријавила дека нејзиниот поранешен партнер ја следел и ѝ испраќал пораки, а ситуацијата ескалирала кога под сопственото возило таа пронашла и поставен уред за следење.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот, против 35-годишникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ