вторник, септември 22, 2026
Дома СКОПСКА Градот ќе ја развива филмската уметност

Градот ќе ја развива филмската уметност

1

Град Скопје воспостави ново партнерство со „Скопје филм студио“, кое е организатор на Скопскиот филмски фестивал за развој на филмската уметност, побогата културна понуда и посилна меѓународна афирмација на главниот град.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, и управителот на „Скопје филм студио“, Томи Салковски, потпишале меморандум за соработка со кој се воспоставува долгорочно партнерство.

– Нашиот град има силна филмска традиција, талентирани автори и публика што заслужува квалитетна и достапна култура. Со оваа соработка создаваме услови за натамошен развој на фестивалот и негово поцврсто позиционирање на регионалната и на европската културна сцена. Преку европски филмски програми, меѓународни партнерства и активности за младата публика, ќе отвориме нови можности за авторите и за посилно претставување на македонската кинематографија пред европската публика – наведе првиот човек на Градот.

Тој додаде дека во пресрет на „Скопје 2028 – европска престолнина на културата“, Град Скопје продолжува да гради партнерства што ќе придонесат за траен развој на културниот живот во градот.

– Скопје има приказни што заслужуваат да го обиколат светот и таленти што заслужуваат поддршка. Наша обврска е да им овозможиме простор да создаваат и да успеваат – заклучи Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ