Полициски службеници од СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со 35-годишниот скопјанец П.Ј., откако неговата 25-годишна поранешна партнерка го пријавила за постојано вознемирување и следење.
Според полицискиот билтен, пријавата била поднесена во Полициската станица Кисела Вода. Девојката пријавила дека нејзиниот поранешен партнер ја следел и ѝ испраќал пораки, а ситуацијата ескалирала кога под сопственото возило таа пронашла и поставен уред за следење.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот, против 35-годишникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.












