недела, септември 27, 2026
Дома БАЛКАН Скијатос под вода: Улиците се претворија во реки за само половина час/ВИДЕО

Скијатос под вода: Улиците се претворија во реки за само половина час/ВИДЕО

1
screenshot Cyclone Of Rhodes

Силно невреме го зафати грчкиот остров Скијатос во саботата вечерта, претворајќи некои улици во поројни реки за само триесет минути. Невремето го погоди островот околу 19 часот, при што особено беа погодени централните делови и крајбрежјето. Според грчкиот медиум „Таксидромос“ (Taxidromos), огромни количества вода се слевале по улиците кон брегот, додека пороите носеле сè што ќе им се најде на патот.

Меѓу предметите имало маси, столици и друга опрема од угостителски објекти. Водата навлегла и во повеќе локали, каде што ги оштетила опремата.

Податоците за количината на врнежи го илустрираат интензитетот на поројниот дожд. Дневната количина достигнала 67,2 милиметри, додека околу 19.20 часот максималниот интензитет на врнежите изнесувал дури 281 милиметар на час.

Иако најсилниот дожд траел само околу половина час, тој предизвикал проблеми на повеќе локации. На одредени места улиците практично изгледале како поројни водотеци, додека на крајбрежјето изгледало како морето и улиците да се споиле.

По повлекувањето на водата сопствениците и вработените во локалите започнаа да ги чистат објектите и да ги проценуваат последиците, а најмногу проблеми имале објектите лоцирани на пониските точки.

Во дел од островот дошло и до прекин во снабдувањето со струја, додека водата пропрела и во една просторија на локалното стручно училиште. Според информациите на грчките медиуми, и покрај интензитетот на невремето, не се забележани други поголеми последици.

Проблеми имало и во сообраќајот, а локалните медиуми наведуваат дека поради временските услови имало и откажување на летови. За време на најсилниот пороен дожд, движењето по одделни улици било практично невозможно.

Скијатос, едно од попознатите грчки туристички острови, им припаѓа на Спорадите и во текот на летото привлекува голем број туристи.

Невремето го погоди островот кон крајот на септември, кога главната туристичка сезона е веќе при крај, но на Скијатос и понатаму престојуваат голем број туристи.

Метеоролозите претходно предупредуваа на влошување на времето во одделни делови на Грција, додека Магнезија и Спорадите останаа во приправност поради можноста за нови интензивни врнежи.

За жителите и сопствениците на локалите неделното утро започна со чистење и санирање на последиците од невремето кое за само триесет минути ги претвори поединечните улици на Скијатос во поројни реки.

ИЗДВОЕНИ