Како што денес пренесува „Дејли мејл“, еден соработник на британскиот премиер бил забележан во воз како користи чет-бот и пие просеко, додека подготвувал говор за премиерот.
Друг патник го фотографирал вработениот од Даунинг стрит во попладневен воз од лондонската станица „Јустон“ до Холихед, додека тој уредувал говор што требало да го одржи премиерот на конференцијата на велшките лабуристи.
Советникот на премиерот побарал од вештачката интелигенција предлози како одредени делови од говорот да станат „малку поемотивни“ – вклучително и критика за наследството на Маргарет Тачер, како и дел посветен на кризата со трошоците за живот.












