
Еден дел од британските медиуми открија дека пред неколку дена челниците на Манчестер Сити имале состанок со агентот на големата ѕвезда од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Осман Дембеле. Последниот освојувач на „Златната топка“ на Франс фудбал се уште не ја прифатил понудата за продолжување на соработката, а тамшните медиуми шпекулираат дека крилниот напаѓач не е задоволен од понудената плата.











