Остануваат уште два-три дена сите банкарски сметки на граѓаните и компаниите во Македонија треба да бидат опфатени со единствен електронски регистар, кој ќе го воспостави Централниот регистар. Новиот систем ќе содржи податоци за денарските и девизните сметки, штедните влогови, депозитите, платежните инструменти, како и изнајмените банкарски сефови и нивните сопственици.

Со воспоставувањето на Единствениот регистар на сметки, надлежните институции ќе добијат поефикасен пристап до информациите за тоа во кои банки одредено физичко или правно лице има отворено сметки. Целта е да се олеснат постапките за присилна наплата, да се следат неактивните сметки и да се придонесе кон спречување на перење пари.

Сепак, централизирањето на податоците не значи дека финансиските информации ќе бидат јавно достапни. Пристапот ќе биде ограничен и регулиран со закон, а институциите ќе можат да ги користат податоците само во рамките на своите надлежности. Регистарот би можел да биде од корист и при оставинските постапки, кога семејствата немаат целосни информации за банкарските сметки на починатите лица. Ова е дел од пошироката модернизација на финансискиот систем, која вклучува и воведување инстант плаќања во 2027 година.

 

ИЗДВОЕНИ