петок, ноември 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЦУНА ДОБИ 2,5 ГОДИНИ ЗАТВОР: Познатиот бегалец од прозорецот на полициска станица...

ЦУНА ДОБИ 2,5 ГОДИНИ ЗАТВОР: Познатиот бегалец од прозорецот на полициска станица ја призна вината!

0

Александар Лазаров, познат по прекарот Цуна, е осуден на две години и шест месеци затвор за кривично дело поврзано со наркотични дроги, откако ја признал вината пред Основниот суд во Кочани.

Пресудата ја донела судијката Катерина Цоневска, која при одмерувањето на казната ги зела предвид олеснителните и отежнувачките околности во случајот.

Лазаров беше обвинет за неовластено производство и продажба на наркотични дроги, кривично дело предвидено во член 215 од Кривичниот законик.

Судот одлучил да му биде продолжена мерката притвор до правосилноста на пресудата.

Цуна стана познат во јавноста пред околу четири месеци, кога успеа да избега од полициската станица во Кочани, скокајќи преку прозорец. Претходно бил приведен под сомнение за вмешаност во случај поврзан со наркотични дроги.

Неговото бегство предизвика големо внимание во јавноста и отвори прашања за безбедноста и постапувањето во полициската станица.

ИЗДВОЕНИ