Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ упати повик до граѓаните да излезат на протест, притоа објавувајќи забрана за присуство на партиски членови, како и на сегашни и поранешни министри и премиери.
„Ниту една повеќе“ им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери, партиски хиени, политички мршојадци, институционални паразити, бескичмени бирократи, циници, лицемерни профитери, политички лешинари, неоопортунисти, кафански полтрони, професионални лажливци, морални отпадоци и дегутантни душегубци да доаѓаат на протестите и да го претвораат феминистичкиот отпор во квази-партиски декор за сопствената политичка беда.
„Ниту една повеќе“ ги повикува сите изневерени, обесправени, понижени, повредени, бесни до срж, алергични на лицемерие, гладни за правда, жедни за слобода, имуни на страв, непокорни, бескомпромисни, непослушни, пркосни, солидарни, бунтовни, згрозени од системската негрижа, огорчени од празните ветувања, глуви за партиските проповеди, истрајни и будни граѓани и граѓанки да излеземе на улица и да им покажеме дека ние сме слободата.
Смрт на фашизмот, слобода на народот!
Ниту една повеќе!
View this post on Instagram












