среда, јули 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Група млади битолчани „ловеле педофили“ на социјалните мрежи – ќе одговараат за...

Група млади битолчани „ловеле педофили“ на социјалните мрежи – ќе одговараат за „самовластие“

76

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н. Р. (22), М. И. (19), О. Н. (19), Л. Г. (19), А. Д. В. (18) и 15-годишник, сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“.

Според полицијата, од февруари 2025 година пријавените дејствувале организирано како група. Тие креирале лажен профил на социјални мрежи во кој се претставувале како 14-годишна девојка и воспоставувале комуникација со машки лица. Потоа договарале средби на повеќе локации во Битола.

На договорените локации, членови на групата ги пресретнувале оштетените, ги снимале без нивна согласност, ги навредувале, омаловажувале и психички малтретирале. Тие ги принудувале да даваат изјави дека се „педофили“. Создадените видеозаписи и лични податоци потоа ги објавувале јавнo на социјални мрежи.

Од МВР велат дека со ваквите постапки кај оштетените предизвикале чувство на страв, понижување и загрозување на нивната сигурност.

ИЗДВОЕНИ