сабота, ноември 14, 2026
Дома СВЕТ Трамп се огласи за прекинот на летовите во САД, ја откри причината...

Трамп се огласи за прекинот на летовите во САД, ја откри причината зошто сите авиони беа приземјени

0
Фото:википедија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека прекинот на летовите на сите аеродроми низ земјата можеби е поврзан со застарена опрема.

Трамп изјави дека проблемот не е предизвикан од сајбер-напад или вештачка интелигенција, пренесува „Фокс њуз“ (Fox News).

Министерот за транспорт, Шон Дафи, изјави дека дефектот во опремата за контрола на летање во САД е предизвикан од застарена технологија и дека Конгресот на САД мора да издвои 50 милијарди долари за нејзина замена.

„Нашите рутери беа преоптоварени со податоци и почнаа да покажуваат недоследности во податоците, поради што го исклучивме системот“, рече тој.

Дафи нагласи дека администрацијата на Трамп уште од минатата година бара од Конгресот целосно финансирање за изградба на сосема нов систем за контрола на летање.

Според најновите податоци од веб-страницата „ФлајтАвер“ (FlightAware), која го следи воздушниот сообраќај, бројот на летови што доцнеле или биле откажани во САД поради падот на системот надминал 15.000, пренесе агенцијата ТАСС.

Според нивните бројки, 8.501 лет во рамките на САД, кон или од САД доцнеле, а 7.218 летови биле откажани.

Претходно, Федералната управа за авијација на САД (FAA) ги запре полетувањата од сите аеродроми низ земјата во времетраење од околу четири и пол часа, поради проблеми со опремата за контрола на летање.

ИЗДВОЕНИ