сабота, ноември 14, 2026
Дома МАГАЗИН САД го загубија статусот на земја во која се искоренети сипаниците: Над...

САД го загубија статусот на земја во која се искоренети сипаниците: Над 5.000 регистрирани случаи во 2006 година, пет смртни случаи во ноември

0
Screenshot

Панамериканската здравствена организација (PAHO), меѓународно здравствено тело, им ги одзеде на САД статусот на земја во која се искоренети сипаниците (морбили), пренесува „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Ова претставува драматичен пресврт за земја која со децении успешно ја држеше под контрола оваа болест што може да се спречи со вакцинација. САД го добија статусот на земја во која се искоренети сипаниците во 2000 година, по спроведувањето на опсежни кампањи за имунизација и програма која овозможи бесплатна вакцинација за милиони деца.

Многу експерти за јавно здравје и епидемиолози очекуваа дека САД ќе го изгубат овој статус, со оглед на наглиот пораст на бројот на случаи во текот на изминатите две години.

Според податоците на Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) – американската агенција за јавно здравје – во текот на 2026 година биле регистрирани повеќе од 5.400 случаи на сипаници. Ваква бројка не е забележана уште од периодот пред болеста да биде искоренета во 2000 година.

Во ноември, сојузните држави Пенсилванија, Њујорк и Висконсин пријавија пет смртни случаи поврзани со сипаниците. За да го поврати својот статус на земја во која се елиминирани сипаниците, САД мора да го запрат понатамошното ширење на болеста во период од најмалку 12 месеци.

PAHO не ги коментираше извештаите во медиумите, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ