понеделник, ноември 9, 2026
Дома СКОПСКА Швајцарските искуства – придонес за развој и поквалитетен живот во Скопје

Швајцарските искуства – придонес за развој и поквалитетен живот во Скопје

1

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, денеска остварил средба со амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

– Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани – истакна Ѓорѓиевски.

Тој наведе дека швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и на добри практики.

– Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани – заклучи Ѓорѓиевски.

 

 

ИЗДВОЕНИ