понеделник, ноември 9, 2026
Дома СКОПСКА За една недела санкционирани 143 непрописно паркирани возила во Центар       

За една недела санкционирани 143 непрописно паркирани возила во Центар       

1

Јавното претпријатие  „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од претпријатието велат дека со Оштина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

 

ИЗДВОЕНИ