Еден од најдобрите хрватски ракометари, Мануел Штрлек, повторно ќе го облече дресот на Загреб. Легендарното лево крило има богата кариера, во која настапуваше за европските гиганти како Киелце и Веспрем, со кои освои бројни титули, вклучувајќи го и трофејот во Лигата на шампиони во 2016 година.
Во последниот период, Штрлек настапуваше за Нексе Нашице, од каде што замина како позајмен во Фуксе Берлин, каде што стигна до титулата во Бундес лигата и играше финале во Лигата на шампионите. Неговото искуство од елитното европско натпреварување е импресивно: дури 17 сезони во Лигата на шампионите, со личен рекорд од 75 гола во една сезона, поставен со дресот на Веспрем.
Во репрезентацијата на Хрватска, Штрлек има 160 настапи и речиси 600 гола и дури трипати беше избран во идеалниот тим на европските првенства, како најдобро лево крило.












