понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА  Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по...

 Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија             

21

Средношколецот од Штип, Даниел Христов, освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде што се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет – соопштија од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип.

– Овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата гимназија и покажа дека знаењето навистина вреди. Горди сме на тебе. Честитки за извонредното достигнување и нека ова биде само дел од твоите големи успеси – велат од средното училиште „Славчо Стојменски“ –Штип. 

Менделеевата олимпијада по хемија е најстарата, најтешка и најпрестижна олимпијада по хемија, а се одржа во Москва, Русија.

 

ИЗДВОЕНИ