вторник, ноември 10, 2026
Дома СВЕТ Шпионска афера во редовите на американската војска: Уапсен војник под сомнение дека...

Шпионска афера во редовите на американската војска: Уапсен војник под сомнение дека ѝ оддавал тајни на Русија/ВИДЕО

0

Припадник на американската војска е уапсен во Обединетото Кралство под сомнение дека ѝ помагал на странска разузнавачка служба, за која се верува дека е руска.

Четириесет и едногодишниот маж е уапсен во вторникот во близина на Глостер, под сомнение дека извршил прекршоци според Законот за национална безбедност од 2023 година, пренесува „Скај њуз“.

Тој е осомничен за прекршоци според Дел 1 од овој Закон, кои се однесуваат на прибавување или откривање на заштитени информации, како и според Дел 3, кој се однесува на помагање на странска разузнавачка служба.

Како дел од истрагата што ја води британската полиција за борба против тероризмот, службеници вршат претреси на две локации во округот Глостершир, соопшти лондонската Метрополитен полиција.

Полицијата потврди дека наводите се поврзани со Русија.

Мажот останува во притвор во полициска станица во Лондон. Истрагата ја спроведува лондонската полициска единица за борба против тероризмот, а проверките се во тек.

Заменик-помошникот комесар Вики Еванс, виш национален координатор за полициски активности против тероризмот, изјави за „Скај њуз“ (Sky News) дека апсењето е резултат на тесна соработка меѓу британските и американските власти.

„Ова значајно апсење и истрага се резултат на тесна соработка меѓу британските и американските власти. Наводите се сериозни, а нашата истрага е во тек. Оваа акција ја покажува силата на партнерството меѓу британските и американските безбедносни служби и агенциите за спроведување на законот. Би сакала да ја пофалам работата на сите вклучени тимови. Заедно ќе преземеме одлучни мерки против секој за кој постои сомневање дека е вмешан во криминални активности што би можеле да ја загрозат нашата национална безбедност“, изјави Еванс. Директорот на ФБИ, Каш Пател, изјави дека овој случај вклучува наводи за шпионажа, што претставува исклучително сериозна закана за Соединетите Држави и нивните сојузници.

„Истрагата сè уште трае, но сакам да испратам јасна порака – ФБИ има нулта толеранција кон секој што ќе ја прекрши својата заклетва кон Соединетите Држави и чии постапки ја загрозуваат нашата национална безбедност, како и безбедноста на нашите партнери“, изјави Пател.

ИЗДВОЕНИ