Шпанскиот парламент денес отфрли два предлога за станбената политика поднесени од владата на премиерот Педро Санчез, по неколкучасовна неизвесност пред гласањето и преговори со парламентарните партнери.
Првиот предлог беше отфрлен со 172 гласа „за“ и 178 „против“, по што демонстранти се упатија кон плоштадот „Пуерта дел Сол“ во Мадрид, извикувајќи пароли за „Генерален штрајк!“.
Пратениците потоа го отфрлија и вториот декрет-закон, пренесува „Еуроњуз“, објави „Танјуг“.











