Шпанија ја евакуираше својата амбасада во Иран, порача денеска шефот на шпанската дипломатија Хосе Мануел Албарес.
Според него, „амбасадорот и службениците кои останале во Техеран ја преминале границата со Азербејџан и се безбедни“.
Албарес наведе дека останатите шпански амбасади на Блискиот исток работат и одговараат на итни повици, пренесе „АП“.












