четврток, јуни 25, 2026
Дома СВЕТ Шокантна мапа на Франција: Сѐ е во црвено, а бројот на срушени...

Шокантна мапа на Франција: Сѐ е во црвено, а бројот на срушени рекорди е неверојатен/ФОТО

0
EPA/ANDY RAIN

Европа е под омега-локдаун, а температурите низ Стариот континент буквално „паднаа во црвено“.

Топлотниот бран повторно беше широко распространет овој четврток во Франција.

Температурата од 40°C беше надмината четврти ден по ред во Нант, рекорд што никогаш порано не е забележан откако метеоролошката станица беше отворена во 1945 година.

Срушени беа 164 нови месечни температурни рекорди, како и 12 апсолутни рекорди.

Станицата Гувил во департманот Манш се издвојува, каде што се измерени 41,5°C, со што е надминат претходниот рекорд од 37,9°C од 18 јули 2022 година за повеќе од 3°C, објави „Ла Шаин Метео“, француска медиумска служба специјализирана за временски прогнози и метеоролошки извештаи.

Ситуацијата во Франција најдобро можете да ја разберете ако ја погледнете оваа мапа, која ги покажува температурите на воздухот.

ИЗДВОЕНИ