петок, ноември 6, 2026
Дома СВЕТ Шокантна извршна наредба: Трамп ја позлати Овалната соба и не дава да...

Шокантна извршна наредба: Трамп ја позлати Овалната соба и не дава да се менува!

1
EPA/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која ги прогласи Овалната соба и салата за состаноци во Белата куќа за национални споменици, со цел ниту еден нареден претседател да не може да ги менува.

– Ја правиме национален споменик и нема да биде дозволено никој да ја допира, уништува и урива, со цел да изгради нешто во малку поинаква форма – изјави Трамп за Овалната соба, која ја украси со златни детали, портрети и друго.

Не е јасно дали може да биде поништена оваа наредба од иден претседател или од некој друг, но дадена е можност претседателот ги смени распоредот, мебелот и да ги направи вообичаените оперативни и безбедносни промени, под услов историската структура и архитектонскиот карактер на просторот да не бидат значително нарушени.

Сенаторот Ричард Блументал побара од донаторите на Трамповата сала информации за финансирањето на проектот.

ИЗДВОЕНИ