Хрватскиот главен државен обвинител Иван Турудиќ потврди дека се во тек истраги за да се утврди како снимката од бруталниот третман врз Кристијан Јосип Периш, починат пациент во Психијатриската клиника „Свети Иван“ во Јанкомир, Загреб, протече во јавноста.
„Порталот Индекс дознава дека снимката што протече во јавноста била направена во полициската станица во Загреб. Според извештаите, двајца полицајци со мобилен телефон го снимале компјутерскиот екран на кој била прикажана оригиналната снимка од болничкиот видеонадзор. Таа претходно ѝ била предадена на полицијата од адвокатот на болницата.“
Гласовите што се слушаат на преснимуваната снимка им припаѓаат на полицајците кои ја снимале. Имено, оригиналната снимка од болничкиот видео надзор нема звук бидејќи системот за надзорни камери снима само слики.












