Денес, Французите протестираат по единаесетти пат за помалку од два месеци, што предизвика значителен замор кај силите на редот.
Еден од полициските синдикати предупреди на голем бран на исцрпеност и незадоволство кај припадниците на силите за спроведување на законот, кои со недели обезбедуваат демонстрации и интервенираат за време на конфликти.
Стотици припадници на специјалните полициски единици денеска не биле во состојба да стапат на должност и побарале лекарски преглед.
Случајот со елитната единица CRS 8, специјализирана за брза интервенција во кризни ситуации, е особено впечатлив. Сто проценти од нејзините членови побарале да видат лекар. Единицата не можела да биде распоредена поради ова.
Еден од полицајците објасни дека за време на претходните четири протести во Париз, тие стоеле на истото место со часови, наместо да ги извршуваат задачите за кои биле обучени.
Министерот за внатрешни работи, Лоран Нињез, претходно ги предупреди полицијата и жандармеријата да не „ја спуштаат гардата“ поради можноста од нови насилни судири и уништување на имот. Тој нареди зголемена контрола на пиротехничките средства, чија продажба и употреба се забранети со посебен декрет.












