Пратеникот од опозицијата, Александар Вучиќ, не го изговори текстот на заклетвата за време на денешната конститутивна седница на Народното собрание на Србија.
Ова може да се види на снимката од собраниската седница.
AV nije procitao zakletvu. pic.twitter.com/JImlFh6sbo
— sloba (@slobadoktor) November 17, 2026
Додека пратениците ја полагаа заклетвата читајќи го нејзиниот текст, Вучиќ не им се придружи во изговарањето.
Во Србија денеска е формиран нов состав на Народното собрание на Србија, а пратениците ја положија заклетвата.
„Студентската листа“ има 140 пратенички места во Собранието, додека Напредњаците на Вучиќ имаат 103.
Меѓу другите групи застапени во Собранието се и Сојузот на војводинските Унгарци, Албанската коалиција, листата на Расим Љајиќ, СДА на Санџак и листата на Усаме Зукорлиќ.
Со конституирањето на Народното собрание започнува да тече уставниот рок од 90 дена за избор на нова Влада.












