четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Шест вида животни пред Велигден ќе пристигнат во штипскиот зоо- парк

Шест вида животни пред Велигден ќе пристигнат во штипскиот зоо- парк

58

Бодликави и виетнамски прасиња, волк, коати, лемури и лебед се новите животни што пред Велигден ќе пристигнат во зоо-паркот „Бриони“ во Штип.

За нив веќе се подготвуваат нови живеалишта, како дел од проширувањето на капацитетите на паркот.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, изјави дека активностите ги реализира ЈП „Исар“, кое работи на изградба на нови кафези за овие шест вида животни. Посочи дека новитетите ќе бидат одлична можност младите и граѓаните од градот и од регионот да го посетат паркот во своето слободно време и да поминат убави мигови.

– Оваа пролет, во зоо-паркот „Бриони“ ќе имаме новитети, во однос на нови живеалишта за шест нови вида животни, кои ќе го збогатат зоо-паркот. Навистина ми е драго што прераснува овој парк во еден од поубавите во нашата држава, покрај скопската Зоолошка и битолската, затоа што секоја година ги прошируваме капацитетите на живеалиштата и воведуваме нови животни – рече Јорданов.

Во штипскиот зоо-парк претходно беа донесени и две ему птици и еден гривест мајмун.

ИЗДВОЕНИ