Победата на Оклахома над Феникс (119:84) на првиот меч од плејоф-серијата отвори нова дебата околу судискиот критериум, а во центарот повторно е Шеј Гилџес-Александар. Канадскиот плејмејкер постигна 25 поени, но дури 15 реализираше од линијата за слободни фрлања, откако доби 17 слободни удари, што предизвика жестоки реакции кај дел од јавноста.

Критиките се насочени кон фактот дека Шеј, според многумина, добива привилегиран третман од судиите, особено при секој минимален контакт. Играчите на Феникс уште на почетокот добија јасна порака дека скапо се плаќа агресивна одбрана врз него, а неговата способност да извлекува прекршоци повторно беше клучно оружје на Оклахома.

За разлика од него, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ речиси никогаш не се поштедени од судиите, што дополнително ја разгорува полемиката. Имено, на дуелот со Минесота, Србинот беше изложен на жесток физички однос, но изведе само едно слободно фрлање, што, за многумина, е доказ за двојни аршини во лигата.

Со МВП-трката и плејофот во полн ек, ваквите ситуации само ја засилуваат приказната дека не сите ѕвезди во НБА добиваат ист третман. А по ова издание на Шеј, дебатата дали му помагаат судиите сигурно нема брзо да стивне.

ИЗДВОЕНИ