петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Седум европски земји повикаа на санкции против Израел

Седум европски земји повикаа на санкции против Израел

248
Фото: EPA/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Седум земји на Европската унија, вклучувајќи ги Франција и Шведска, повикаа на воведување европски санкции против Израел во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург на 21 април, објави „ЕУобсервер“.

Франција и Шведска се приклучија на барањето на уште пет други држави на Европската унија кои бараат санкции против Израел, со предложена забрана за троговија со производи од доселеници, наведува „ЕУобсервер“, повикувајќи се на неформалниот предлог што го имал на увид – нацрт од писмото што Шведска го има подготвено за утрешниот министерски состанок, пренесе агенцијата ТАСС.

„Меѓутоа, веруваме дека постојаната и брзо влошувачка ситуација бара таква акција“, се додава во тој документ.

Двете земји изразија уверување дека „ЕУ мора итно да го зголеми притисокот на Изрел и да ја прекине својата политика и пракса на населување“, на окупираните подрачја.

ИЗДВОЕНИ