петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Масовно пукање во близина на средно училиште во Северна Каролина – најмалку...

Масовно пукање во близина на средно училиште во Северна Каролина – најмалку две лица се убиени

39

Најмалку две лица беа убиени во понеделник наутро во масовно пукање во парк, соопшти Државното истражно биро на Северна Каролина.

Пукањето се случило во паркот Лајнбах, во близина на средното училиште „Џеферсон“, беше објавено на платформата „Икс“.

„Она што го потврдивме во овој момент е дека двајца малолетници се согласиле да се сретнат во паркот за да се тепаат“, рече помошникот началник Џејк Свејм.

Властите добија повик за тепачката околу 9:52 часот наутро, а додека полицајците се упатуваа кон местото на настанот, конфронтацијата ескалираше во огнено оружје, објави „Си-ен-ен“.

„Ситуацијата ескалираше и повеќе лица почнаа да пукаат едни кон други“, објави полицијата на социјалните медиуми.

„Ова е изолиран инцидент и останува под активна истрага. Неколку лица – и жртви и осомничени – се идентификувани и лоцирани“, соопшти полицијата.

Средните училишта во близина на пукањето работат нормално, соопшти полицијата.

„Училиштата се безбедни. Родителите кои се обидуваат да ги земат своите деца од средното училиште „Џеферсон“ треба да изберат алтернативен пат“, соопшти полицијата.

ИЗДВОЕНИ