недела, септември 27, 2026
Дома СВЕТ Северна Кореја лансираше балистичка ракета, прелетала повеќе од 700 километри

Северна Кореја лансираше балистичка ракета, прелетала повеќе од 700 километри

42

Северна Кореја испука денеска балистичка ракета во морето покрај источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопштија јужнокорејските и јапонските власти. Лансирањето се случи неколку дена пред заедничките воени вежби меѓу Сеул и Вашингтон. Јужнокорејските и јапонските одбранбени власти објавија дека ракетата прелетала околу 700 километри, а двете земји изразија осуда за тој потег на Пјонгјанг.

Канцеларијата за национална безбедност на Јужна Кореја свика итен состанок и изрази загриженост во врска со новите севернокорејски лансирања балистички ракети. Пјонгјанг претходно испука ракета на 6 август. Сеул ја повика Северна Кореја да ги прекине провокациите што ги кршат резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Проектилот паднал во морето надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија и достигнал максимална висина од околу 90 километри, објави јапонското Министерство за одбрана.

Лансирањето се случи пред големите заеднички воени вежби што Јужна Кореја и САД планираат да ги одржат од 17 до 27 август, со цел спротивставување на се понапредните нуклеарни и вооружени капацитети на Северна Кореја.

ИЗДВОЕНИ