Тажна вест!
Организаторот на концертите на Северина во Скопје, продукцијата „Прагма“, излезе со соопштение дека априлските концерти на Северина се откажуваат. Популарната пејачка нема да пее во арената „Борис Трајковски“, а со своите хитови ќе ни дојде пак, штом ќе оздрави. Првите слободни термини за настап, сексапилната сплиќанка ќе ги има во декември, пред самата Нова 2027 година.
– Поради сериозни здравствени причини, концертите на Северина во Скопје се презакажувааат за декември 2026. Поточно на 5.12. Сите купени билети ќе важат за новиот термин. За оние што нема да бидат во можност да присуствуваат во декември, ќе биде овозможено враќање на средствата во рок од 10 дена, со приложување на билетите од местото на купување, велат љубезните организатори.












