Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ќе ги укине царините и ограничувањата за шкотското виски во чест на британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила.
„Во чест на кралот и кралицата на Обединетото Кралство, кои штотуку ја напуштија Белата куќа и наскоро ќе се вратат во својата прекрасна земја, ќе ги укинам царините за шкотското виски и ограничувањата за можноста на Шкотска да соработува со Комонвелтот Кентаки во врска со виски и бурбон, две многу важни индустрии и во Шкотска и во Кентаки“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут Соушл“.
Тој додаде дека „луѓето го посакуваат ова долго време“ бидејќи имало многу меѓудржавна трговија, особено во врска со користени дрвени буриња.
Тој рече дека кралот Чарлс III и кралицата Камила биле единствените што можеле да го принудат да ја донесе оваа одлука.
„Кралот и кралицата ме натераа да направам нешто што никој друг не можеше да го направи, речиси без да ме прашаат. Чест ми е што двајцата ги посетија Соединетите Држави“, порачаТрамп.












