Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²).
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а облачноста ќе се задржи во поголемиот дел од денот.
Под влијание на циклонска активност, дождливото време ќе продолжи и утре. Во најавата за периодот од сабота до вторник, УХМР прогнозира на повеќе места количества над 25 литри дожд на квадратен метар за 24 часа, а локално и над 60 литри за целиот период.












