EPA/TOLGA AKMEN

Легендарната американска тенисерка, Серена Вилијамс, мораше да се повлече од Вимблдон, каде што играше по неколку години неактивност. Откако загуби во првото коло на поединечното натпреварување, таа се повлече и од натпреварувањето во двојки, каде што требаше да се натпреварува со својата сестра, Венус, која сè уште е присутна на најголемите светски турнири.

Фото: Инстаграм

Причината за повлекувањето на една од најдобрите тенисерки на сите времиња се болките што ѝ се јавија откако повторно му се посвети на спортот. Во објава на социјалните мрежи, Серена Вилијамс ја објасни својата одлука да се повлече од натпреварувањето во двојки и објави неколку фотографии на кои се гледаат шприцовите што ги користел медицинскиот тим за да ја исцеди течноста што ѝ се насобрала во колената.

Чудна, светложолта супстанција предизвика огромни проблеми кај американската тенисерка. Поради таа течност во колената, таа не можеше да се движи добро, па затоа најдобра опција беше да се повлече од натпреварувањето. Прашањето е дали, со овие проблеми, ќе може некогаш да се врати на тенискиот терен и да одигра уште еден официјален натпревар.

– Скршена сум што морам да се повлечам од натпреварувањето во двојки. Повторното враќање е вистински подарок, а шансата повторно да играм со Венус ми значеше сè на светот. Направив сè што можев за да бидам подготвена, но, за жал, моето колено не беше подготвено за натпреварувањето – напиша Серена Вилијамс во емотивна објава на „Инстаграм“.

Во видеото што го сподели со своите следбеници, може да се види дека има тешкотии со одењето и дека ѝ е преврзана ногата по третманот. Серена се надева дека сè ќе биде во ред со нејзиното колено во наредниот период и дека тоа ќе биде добра вест за нејзината кариера, која продолжи деновиве, по четиригодишна пауза.

– Многу сум им благодарна на директорот на турнирот, Џејми Бекер, и на целиот тим, кои ми дадоа можност да играм тука. Им благодарам на навивачите за неверојатната поддршка. Ова враќање беше многу важно за мене. Сè што можам да кажам е да останете во тек со она што го правам. Сликата со шприцовите ја покажува течноста што ја извадија од моето колено по натпреварот во поединечна конкуренција. Добрата вест е дека моето колено не треба повторно да биде отечено и да собира толку многу течност. Лошата вест е дека, колку и да се трудев, не можев да се подготвам за двојки – истакна Вилијамс.

Серена има освоено 23 титули на гренд слем во сингл, 14 титули во

двојки и уште две титули во мешани двојки. Таа има четири златни медали на Олимписките игри, трофеи во купот „Хопман“, во ФЕД-купот, пет титули од финалниот мастерс…

ИЗДВОЕНИ