недела, јули 5, 2026
Дома МАГАЗИН Физикалната терапија ги охрабрува луѓето да се грижат за своето здравје; Совети...

Физикалната терапија ги охрабрува луѓето да се грижат за своето здравје; Совети од физиотерапевтот Илија Жежов

17

„Верувам дека секој човек има различни здравствени потреби, цели и можности. Затоа секогаш започнувам со индивидуален пристап и внимателно ја планирам терапијата за секоја дијагноза. За мене е важно пациентите да се чувствуваат сигурно, мотивирано и поддржано. Секогаш сум фокусиран на резултатите и на подобрување на здравјето и самодовербата кај луѓето“, вели Жежов.

Медицината отсекогаш била моја пасија и составен дел од мојот живот, но и начин преку кој се чувствувам исполнето и мотивирано. Со текот на времето сфатив дека сакам таа енергија и мотивација да ја пренесам и на другите. Така љубовта кон медицината прерасна во професија и инспирација секојдневно да им помагам на пациентите.

„Верувам дека секој човек има различни здравствени потреби, цели и можности. Затоа секогаш започнувам со индивидуален пристап и внимателно ја планирам терапијата за секоја дијагноза. За мене е важно пациентите да се чувствуваат сигурно, мотивирано и поддржано. Секогаш сум фокусиран на резултатите и на подобрување на здравјето и самодовербата кај луѓето“, вели физиотерапевтот Илија Жежов.

Тој додава дека најголема сатисфакција му претставува моментот кога ќе види дека пациентот создал здрави навики и повторно ужива во секојдневното функционирање без болка.

„Моите терапии и прегледи се комбинација од динамика, енергија, мотивација и резултати. Целта е да се подобри здравјето и целокупната физичка кондиција. Секоја терапија е различна и внимателно структурирана за да биде што поефикасна. Вежбите и терапевтските процедури се прилагодуваат според нивото на физичка подготвеност и конкретната дијагноза, што му овозможува на секој пациент постепено и безбедно да напредува. Атмосферата мора да биде позитивна и поддржувачка, бидејќи така пациентите остануваат мотивирани во текот на лекувањето. Верувам дека токму заедничката енергија создава дополнителна желба за напредок и континуитет. Целта е секој пациент да си замине задоволен, со чувство дека направил чекор напред“, истакнува Жежов.

Според него, медицината и физикалната терапија бараат целосен фокус на потребите на пациентот. Пред започнување на третманот секогаш прави детална проценка на физичката состојба и преглед, а потоа разговара со пациентот за неговите цели и можностите за нивно остварување во зависност од здравствената состојба.

„Секое лекување е индивидуално, па затоа и секоја терапија има свој специфичен ефект. Терапиите го активираат целото тело и овозможуваат рамномерен развој на мускулатурата, што придонесува за поголема сила, стабилност и подобра функционалност во секојдневниот живот. Тие се погодни и за луѓе со ограничено време, бидејќи за 30 до 60 минути се опфаќа целото тело. Особено внимание посветувам на правилната техника на изведување, со цел да се избегнат повреди и несакани последици. Секоја терапија е адаптирана според дијагнозата, напредокот и можностите на пациентот. Кога пациентите гледаат реални резултати, и мојата мотивација како физиотерапевт дополнително расте. Најважно е што преку овој процес се создаваат долгорочни и одржливи здрави навики“, додава Жежов.

Физикалната терапија, нагласува тој, е процес што комбинира контрола, стабилност и прецизни движења. Таа придонесува за подобрување на држењето на телото, балансот и флексибилноста, а истовремено ја зајакнува мускулатурата и го поттикнува закрепнувањето.

„Она што најмногу ми се допаѓа е што физикалната терапија е безбедна и прилагодлива за различни возрасти и нивоа на физичка подготвеност. Пациентите често забележуваат подобра подвижност и намалување на тензијата во телото уште по првите неколку сесии. Затоа е важно навремено да се побара помош од физиотерапевт при појава на каква било состојба што бара третман. Физикалната терапија е одличен избор за сите што сакаат ефикасен, безбеден и балансиран начин да го подобрат своето здравје“, потенцира Жежов.

Тој смета дека физиотерапијата и физикалната медицина се многу повеќе од обичен третман. Тие создаваат средина во која луѓето се мотивираат, се поддржуваат и се охрабруваат да се грижат за своето здравје.

„Како физиотерапевт, сакам да создадам средина во која секој ќе се чувствува прифатен, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Верувам дека секој заслужува еднаков пристап до квалитетна здравствена грижа. Позитивната атмосфера е подеднакво важна како и самата терапија. Кога луѓето се лекуваат во средина исполнета со добра енергија, многу полесно остануваат доследни на своите цели. За мене најголем успех е кога пациентите не доаѓаат на терапија затоа што мораат, туку затоа што навистина веруваат во процесот и уживаат во него. Токму затоа оваа заедница постојано расте и создава нови успешни приказни“, изјави за весникот ВЕЧЕР Илија Жежов.

(Автор на текстот е специјалист по здравствен фитнес. Ординација за физикална терапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ Гостивар.)

ИЗДВОЕНИ