среда, август 12, 2026
Дома БАЛКАН Семејството упати апел за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезнало на познатото...

Семејството упати апел за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезнало на познатото летувалиште во Албанија

5
Фото:википедија

Четиригодишно дете од Македонија исчезнало во областа Алто Маре, во близина на познатото албанско летувалиште Голем, објави албанскиот медиум JOQ Albania.

Според пријавата, семејството веќе извесно време го бара детето по име Богдан, но досега нема никаква трага од него. Известена е и полицијата во Голем, но до овој момент потрагата не дала резултат.

Детето исчезнало облечено во зелен костим за капење, а во раката носело пиштол-играчка на вода.

Мајката, според објавените информации, се наоѓа во тешка емотивна состојба, додека семејството упатува апел до сите кои се наоѓаат во областа да помогнат во потрагата и внимателно да го проверат просторот околу себе.

Секој кој го забележал детето или има каква било информација што би можела да помогне во неговото пронаоѓање, се повикува веднаш да ја извести полицијата, објавија надлежните власти.

ИЗДВОЕНИ