Четириесет и седумгодишен жител на Радовиш бил лишен од слобода рано утринава поради физички напад врз неговото семејство, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во нивниот семеен дом, каде што осомничениот С.Д. (47) физички ги нападнал својата 36-годишна сопруга и нивната малолетна ќерка. По пријавата, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш интервенирале во 01:30 часот по полноќ и го лишиле мажот од слобода.
Напаѓачот е веднаш задржан во Полициската станица Радовиш, а за целиот случај е известен и дежурен јавен обвинител. Од МВР истакнуваат дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.












