недела, јули 5, 2026
Дома СВЕТ Семеен масакр во Шпанија: Напаѓач си ги убил родителите и ранил четворица,...

Семеен масакр во Шпанија: Напаѓач си ги убил родителите и ранил четворица, меѓу кои и неговиот седуммесечен син и двегодишно дете

55

Напаѓачот кој доцна синоќа уби две и повреди четири лица, меѓу кои и две малолетни лица, во општината Ел Ехидо во шпанскиот град Алмерија, се предаде на полицијата, објавија денес шпанските медиуми.

Извештаите укажуваат дека двајца од убиените се родители на напаѓачот.

Извори од Шпанската цивилна гарда потврдија дека едно од повредените деца, кое е во критична состојба, има седум месеци и е син на сторителот, објави дневниот весник „Ел Паис“.

Двегодишно дете е исто така повредено, додека другите две се жена во критична состојба и 60-годишен маж.

Андалузиските служби за итни случаи добија неколку повици во понеделник околу 23:15 часот за пукање во областа Ел Каналиљо, во општина Ел Ехидо.

Голем број локални полицајци, национална полиција и Цивилната гарда беа испратени на местото на настанот, додека Цивилната гарда распореди и членови на својата Група за брза акција (GAR) и ја презеде истрагата.

ИЗДВОЕНИ