Седум земји од Европската Унија (ЕУ), вклучувајќи ги Франција и Шведска, повикаа на европски санкции против Израел пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, објави вчера EUObserver.
Франција и Шведска им се придружија на пет други земји од ЕУ во повикот за санкции против Израел, со предложена забрана за трговија со производи, објави EUObserver, повикувајќи се на неформален предлог, нацрт-писмо подготвено од Шведска за денешниот министерски состанок.
„Сепак, веруваме дека постојаното и брзо влошување на ситуацијата бара таква акција“, се додава во документот.
„И покрај тоа што се во јасно кршење на меѓународното право, населбите и насилството од доселениците растат со рекордна брзина“, се наведува во француско-шведскиот предлог.
Двете земји изразија верување дека „ЕУ мора итно да го зголеми притисокот врз Израел да ја прекине својата политика и практика на населување“ на окупираните територии.












