Кајли Џенер го започна летото на начин што го привлече вниманието на милиони следбеници низ целиот свет. Познатата претприемачка и основачка на козметичкиот бренд Кајли Козметикс отпатува со своите најблиски пријатели на луксузен одмор, каде што беше организирано посебно собирање за нејзиниот бренд.
Атрактивната ријалити ѕвезда и инфлуенсерка секојдневно споделува моменти од својот одмор на социјалните мрежи, но овој пат беше фотографирана од папараците додека позираше со пријатели на плажа и уживаше во брановите.
За фотосесијата на брегот, Кајли избра многу впечатливо бикини во камуфлажен дезен, отстапувајќи од розовата естетика што го одбележа поголемиот дел од нејзиното патување.
Објавите предизвикаа бројни реакции кај фановите.
„Летото многу ти прилега“, напиша еден следбеник, додека друг порача: „Итно ми треба ваков одмор“.
Kylie Jenner was spotted relaxing on the beach in Turks and Caicos. pic.twitter.com/lj0e4akrw8
— 21 (@21metgala) June 3, 2026












